Утрински Весник
Магазин

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Poster anderfest.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Андерфест“, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најави програмата за своето седмо издание. Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи.

„Андерфест“ со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно музичко искуство за сите љубители на рокот и неговите поджанрови.

Оваа година, публиката ќе има можност да ги чуе и види LOST IN REVERIE, АУДИОЦИГЛА, ДИМИШ, ЗАНАДУ, ДЕМЕНСИ, ГОЛЕМАТА ВОДА и НОВИОТ ПОЧЕТОК – бендови кои носат свеж звук, различни емоции и препознатлив сценски настап.

Организаторите најавуваат уште повисоко ниво на продукција, динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена. За многумина, „Андерфест“ е повеќе од фестивал – тоа е традиција, движење и заедница што ја поттикнува домашната рок култура. 

Билетите се пуштени во продажба преку drugastrana.mk.

Можете да прочитате

Михи – првата вселенска патничка во ортопедска количка

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви

Sarah Mace & The Girlzz ја отворија празничната сезона со магичен концерт во Битола