Утрински Весник
Македонија

Се зголемуваат цените на горивата

Screenshot 2024 01 22 143936

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,50 денари за литар додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,209 ден/кг и сега ќе изнесува 41,732 ден/кг.

Од 23.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95  78,00 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98  80,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    75,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)    74,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС  41,732 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски