Утрински Весник
Македонија

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници

Granica.jpg

Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар.

Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие.


-Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила, изјавиле од граничната полиција.

Додаваат дека и полициските и царинските работници ангажирани се со целосна подготвеност, за да гарантираат брза, гостопримлива и високоинтегритетна услуга за секој граѓанин и посетител што влегува на или излегува од албанска територија.

Преку овој премин, кој е на четири километри од градот Дебар, минатиот викенд, 2 и 3 август, според македонското МВР, минале вкупно 13 603 патници, од нив 4 562 македонски и 9 041 странски државјани.

Во првата половина од годинава забележана е историски рекордна фреквенција од отворањето на преминот во 1992 година. Така, за шест месеци минале 574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани 370.827 патници.

Можете да прочитате

СДСМ: 150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски

Хрватска државјанка во Кавадарци пијана со нож го прободела својот сопруг

Македонија во жолта и портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави