Утрински Весник
Свет

Се запали автобус во Пакистан, најмалку 17 лица загинаа

Се запали автобус во Пакистан, најмалку 17 лица загинаа

Најмалку 17 лица загинаа денеска во јужен Пакистан кога се запали автобус, соопштија властите.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на автопатот М-9 кој го поврзува пристаништето Карачи со градовите Хајдерабад и Џамшоро во провинцијата Синд, пренесува Ројтерс.

„Досега во несреќата загинаа 17 патници, 10 се повредени и префрлени во болници“, изјави службеникот за новинарите.

Во автобусот патувале околу 35 луѓе.

Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но полицијата соопшти дека е очигледно дека пожарот започнал од задниот дел на автобусот, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија