Утрински Весник
Свет

Се заканувал преку Тикток дека ќе изврши злосторства на божиќен пазар во Германија, веднаш бил уапсен

Germanska Policija.jpg

Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.

Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повреди 200 лица.


Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.

Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста.

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел