Утрински Весник
Македонија

Се воведува летен времен режим на сообраќај и забрана за движење на патиштата низ Македонија

Avtopat e1638291250668.jpg

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на чело со Заев и Филипче ја суспендирале обвинителката Кадриу за да не заврши половина влада во затвор

Данскиот фонд купил 250 станови, целта им е да стигнат до 1.000

СДСМ: 40 милиони евра намалени субвенции, Владата на Мицкоски ги понижи земјоделците