Во пештера кај Церкница во Словенија речиси 24 часа трае спасувањето на 33-годишна жена која при истражување на пештерата и паднал камен врз главата.. Веднаш потоа колабирала и останала во несвест. По пристигнувањето на лекарскиот тим било утврдено дека има тешки повреди на главата, но била свесна и реактивна, јавува 24 ур.
Во моментов на терен се медицински тим и 26 спасувачи. Синоќа пред 22 часот првите спасувачи се спуштиле кај жртвата на длабочина од околу 100 метри. Утрото беа заменети со друг тим. Вкупно на теренот имало околу 100 спасувачи, од спелеолози до пожарникари, полицајци и припадници на цивилната заштита.
„Тоа е многу комплициран потег бидејќи пештерата е тесна. “, рече командантот за цивилна заштита Санди Чурк.