Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Се уште нема налепници со кодот НМК а илјадници возачи имаат помалку од два дена рок да ги залепат на своите регистрации

Registarski tablici nmk.png
Img 7972

Станиците за технички преглед во Скопје, денеска останаа без налепниците НМК за регистарските таблички иако МВР најави дека тие ќе бидат доставени утрово.

Екипа на 24инфо.мк беше во три станици за технички преглед низ Скопје каде ни беше кажано дека налепници НМК се уште немаат добиено.

Други медиуми објавуваат дека и во Куманово и во Велес се уште нема доставено налепници за регистрации со ознаката НМК.

МВР и техничкиот министер претходно информираа дека денеска налепниците ќе ги има на сите технички центри во државата и иако се уште не знаат за колку возила се потребни, сметаат дека набавената количина ќе биде доволна за сите, а ако се појави недостиг ќе се набават и дополнителни количини.

Само помалку од два дена ќе имаат илјадници македонски возачи кои возат без кодот НМК да најдат и да залепат налепница со новиот код, имајќи предвид дека станиците за технички преглед најчесто не работат во недела, а саботата ја работат со скратено работно време.

Обврската за задолжително користење на кодот НМК на сите регистарски таблички стапува на сила в понеделеник 12 февруари.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ