Утрински Весник
Свет

СЕ УРНАЛ АВИОН ВО АМЕРИКА: ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА

Avion 220973

Три лица загинаа при падот на авионот што се урна во шумската област на американската сојузна држава Масачусетс, соопштија американските власти. Загинати се сопственикот на школата за летање, инструкторот и ученикот пилот.

Двомоторниот авион Beechcraft 55 Barron полетал од регионалниот аеродром Вестфилд-Барнс и се урнал во близина на Лајден, соопшти полицијата.

Жртвите се идентификувани како Фредерика Болард (53), сопственичка на училиштето, инструктор Вилијам Хемптон (68) и тест пилот Чад Дејвидсон (29), објави Њујорк пост.

Спасувачките служби ги лоцирале урнатините и ги извлекле телата на жртвите, пренесе порталот Бостон 25.

Болард беше вклучена во 2023 година „Жени со влијание“, титула која и ја додели бизнис-магазинот „Бизнис Вест“, каде што детално зборуваше за своето летачко искуство.

Во соопштението на Националниот одбор за безбедност на транспортот се вели дека истражител бил испратен на местото на настанот откако авионот се урнал „под непознати околности“.

Очевидецот Марк Дупри рече дека стоел на раскрсницата на Лејден Роуд и Бартон Роуд кога го гледал авионот како спирала од небото.

– Мислев дека некој си игра наоколу правејќи акробации, се додека не почна да паѓа – изјави Дупри за Гринфилд Рекордер.

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи