Утрински Весник
Спорт

Се урна трибина на кошаркарски меч во Египет

Се урна трибина на кошаркарски меч во Египет

Кошаркарски натпревар во Египет можеше да се претвори во голема трагедија, откако се урна дел од трибината на дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Итихад во кошаркарскиот Суперкуп на оваа земја. Има голем број повредени гледачи, но, за среќа, засега нема информации за жртви.

dobivaj vesti na viber

Во салата „Хасан Мустафа“ во Александрија натпреварот е прекинат при резултат 66:45 за Ал Итихад, кога попуштила конструкцијата на трибината и се урнала.

Според информациите интервенирало 21 амбулантно возило, а вкупно 27 лица се повредени.

Можете да прочитате

Шок од Британија: Објавени нови детали за здравјето на Михаел Шумахер

Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер со 400 победи на грен слем турнирите

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен