Утрински Весник
Македонија

Пожар во ТЕЦ Осломеј, електраната е исклучена

Пожар во ТЕЦ Осломеј, електраната е исклучена

Термоелектраната Осломеј доцна синоќа е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што довело до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, соопшти ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека настанатиот пожар од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за постапување.

„Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј“, велат од ЕСМ.

Застојот нема да предизвика недостаток на електрична енергија во системот, односно конзумот ќе биде задоволен преку другите производни капацитети.

Можете да прочитате

Голема полициска акција синоќа, претреси и апсења за економски криминал

Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели

Детали за акцијата на МВР: Кривична пријава за шест физички и три правни лица, уапсени три лица за перење пари, проневериле над два милиони евра