Утрински Весник
Балкан

Се урна мал авион во близината на Загреб, еден погинат и тројца повредени

Zagreb Nesreca Helikopter5 830x0 1.jpg

Авион се урна попладнево во близина на Загреб, јавува 24сата. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот. Најверојатно станува збор за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во населбата Јеждовац. Пожарникари и возила на брзата помош итно се упатиле кон местото на инцидентот за да им помогнат на настраданите. Неофицијално едно лице е погинато а тројца се повредни. Едно лице се наоѓа под урнатиот авион, а по едно лице уште се трага. Според првичните информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми станува збор за унгарски авион. Бројни служби се наоѓаат на терен, а во потрагата што е во тек се вклучија и дронови.

Можете да прочитате

Утре започнува Меѓународната конференција за мир и одржлив развој на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“

Земјотрес ја стресе Црна Гора: Каде е епицентарот?

Страшна сообраќајка во Грција: 4 мртви, 3 повредени