Авион се урна попладнево во близина на Загреб, јавува 24сата. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот. Најверојатно станува збор за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во населбата Јеждовац. Пожарникари и возила на брзата помош итно се упатиле кон местото на инцидентот за да им помогнат на настраданите. Неофицијално едно лице е погинато а тројца се повредни. Едно лице се наоѓа под урнатиот авион, а по едно лице уште се трага. Според првичните информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми станува збор за унгарски авион. Бројни служби се наоѓаат на терен, а во потрагата што е во тек се вклучија и дронови.