Утрински Весник
Свет

Се урна каменолом во Индија, најмалку 13 загинати, се трага по преживеани

114109072 063032119 1.jpg

Најмалку 13 работници загинаа, а повеќе се водат како исчезнати откако се урна каменолом во близина на јужниот индиски град Ајзаул.

Несреќата се случила околу шест часот наутро на периферијата на градот Ајзаул на југот на Индија, пренесуваат медиумите.

Надлежните најавија дека во тек е операција за спасување на затрупаните под урнатините, но дождот ја отежнува операцијата.

– Полицијата е ангажирана во спасувачки операции. Водостојот на реките расте, а многу луѓе кои живеат во крајбрежните области се евакуирани – нагласуваат во соопштението.

Градот Ајзаул е отсечен од останатиот дел од земјата поради лизгање на земјиштето на автопатот.

Уривањето на каменоломот се случи како последица на обилните врнежи предизвикани од циклонот „Ремал“ во Бенгалскиот залив.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30