Утрински Весник
Свет

Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Meksiko.jpg

Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија.

Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Х, а пренесе Би-би-си.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на сцената.

Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.

Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети.

Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.

Можете да прочитате

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар