Утрински Весник
Свет

Се урна авион на Хаваите, снимени последните зборови на пилотот

Avion Havai.jpg

Две лица загинаа кога авион удри во зграда во близина на меѓународен аеродром во американската сојузна држава Хаваи, објави „Хаваи њуз нау“.

Локалните власти соопштија дека авионот „Цесна 208“ удрил во празна државна зграда која била планирана за уривање.


Двете лица во авионот загинаа.

Иако официјалните власти се уште не го објавија идентитетот на жртвите, извори блиски до семејството потврдија дека една од жртвите е дипломиран студент Хирам Дефрис, млад човек на дваесетина години, кој бил на обука.

Снимени се и последните зборови на пилотот кој пред контролната кула изјавил дека изгубил контрола над леталото.

Контролорите на летање ги прашале пилотите дали свртуваат десно, на што пилотите потврдно одговориле со зборовите „ах, изгубивме контрола“.

„Ако можете да го израмните авионот, тоа би било добро. Ја имате слободна било која писта, секое место каде што можете да слетате“, рекле од контролата, но потоа авионот удри во зграда.

Можете да прочитате

Русин осуден на 20 години затвор затоа што се обидел да ги отруе војниците

Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци