Утрински Весник
Свет

Се укинува шоуто „Задруга“ – Вучиќ побара, Митровиќ става клуч

Се укинува шоуто „Задруга“ – Вучиќ побара, Митровиќ става клуч
300x250 (7)

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, на „Твитер“ објави дека оценката на претседателот на  Србија, Александар Вучиќ е поважна од интересот на „ТВ Пинк“ и од неговиот личен интерес. Затоа и донел одлука за укинување на реалното шоу „Задруга“ што е можно поскоро.

dobivaj vesti na viber

Митровиќ, најави дека во наредните десетина дена ќе го откаже реалното шоу „Задруга“.

300x250 (7)

Претходно, медиумите во Србија објавија дека Вучиќ изјавил оти во разговор со сопственикот на телевизијата Пинк го замолил да ја разгледа можноста за укинување на реалното шоу.

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ изреагира на објавата на Жељко Митровиќ, сопственикот на телевизијата Пинк, дека ќе го укине контроверзното реално шоу „Задруга“.

Како што објави босанскиот медиум „Кликс“, Трифуновиќ кратко искоментирал на неговата објава: „Брате, доцна е. Предоцна. За сѐ“.

По масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јавноста покрена петиција за укинување на реалните шоуа и одземање на лиценците за работа на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“. Исто така, едно од барањата на протестот „Србија против насилството“ беше укинување на програмите кои промовираат насилство и неморал, како што се реалните шоуа.

Ss1

Можете да прочитате

Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу под обвинение за поткуп

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови