Утрински Весник
Македонија

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино

Mile Todorov.jpg

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.

Во петокот, од СВР Велес рекоа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.


-Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена. Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.

Пронајден е инаку телефонот на исчезнатото момче. Мобилниот телефон е пронајден покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, односно во близина на локацијата позната како Три багрема.

Можете да прочитате

Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“

4,8 тони кокаин пронајдени во водите на Мартиник – уапсени членови на Балканскиот картел, поврзани со убиството на Србин и Македонец во Боливија

Support Kocani ја обезбеди третата донација на компресивна облека во износ од над два милиони денари за повредените од пожарот во Кочани