Утрински Весник
Македонија

Се приклучуваме кон барањето за формирање на Специјален трибунал за агресијата против Украина, му рече Османи на Кулеба

Се приклучуваме кон барањето за формирање на Специјален трибунал за агресијата против Украина, му рече Османи на Кулеба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на разговорот, Османи информираше за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

„Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата.” – нагласи Османи.

Воедно, Османи ја реафирмираше нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија. Во тој контекст, истакна дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.

Дополнително, стана збор и за активностите во рамки на претседавањето на Северна Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби во Украина и европскиот континент.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен