Утрински Весник
Македонија

Се преврте трактор – загина возачот на лице место

Traktor.jpg

Вчера во 13.29 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат с.Зрновци–с.Мородвис, кочанско,  на коловозот се превртел трактор управуван од Е.А.(76) од Охрид, а со престој во с.Мородвис. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани.

Можете да прочитате

Шекеринска: Во НАТО сме на масата, сакам да бидеме и на сите други важни маси

Јаневска за манипулациите со оценки на УГД: Секогаш ќе има поединци што го злоупотребуваат системот, важно е дека се откриени

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција