Утрински Весник
Македонија

Се постапува по обидот за шверц на 1,2 тони мобилни телефони, македонската царина постојано се усовршува

Img 7833.png

Изминуваат речиси два месеци откако Царинската управа ја имаше една од најголемите заплени кога беа запленети 1,2 тони мобилни телефонски уреди.

За овој случај се поднесени соодветни кривични пријави по што постапува надлежното министерство.

„Контролата на Царинската управа покажа дека соодносот и количините на стоката не се исти со тоа што е декларирано од страна на увозникот при царинење на истата. Целта на увозникот била да сокрие дел од количината на стоката за да плати помали давачки во чија намера е спречен од страна на Царинската управа. Уште веднаш во соработка со јавен обвинител беа преземени соодветни дејствија. Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама” по член 278-а став 2 в.в. со став 1 од Кривичниот законик. Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама”, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот“ велат од Царинската управа.

Како што додаваат оттаму, кривична пријава но и суспензија има и за царински службеник кој не ја извршил својата работа соодветно во врска со овој случај.

„Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” казниво по член 353, став 4 в.в. со став 1 од Кривичниот законик. Кривичната пријава против царинскиот службеник е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување”, на начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на Буџетот. Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место“ наведуваат од македонската царина.

Според Царинската управа со оваа акција но и со секојдневните активности се испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред Законот мора да одговора. 

„Кога зборуваме за нула толеранција против криминалот и корупцијата, не зборуваме само за декларативни заложби, туку зборуваме за конкретни и веќе преземени чекори кои даваат видливи резултати“ велат од Царинската управа.

Мобилните царински тимови се силен механизам во спречувањето на шверцот и нелегалната трговија

Мобилните тимови на Царината се еден од најважните механизми во царинското работење, по стандардните царниски тимови на граничните премини на аеродромите.

Царинските тимови кои се мобилни често пати се надополнуваат со царински кучиња, а едно од нив е кучето Бен кое е издресирано и успешно пронаоѓа оружје, муниција, дрога, но и пари.

Во перидов претстои опремување на граничните премини со камери кои автоматски ќе препознаваат регистерски таблички, а со поддршка од САД царинските службеници ќе се опремат и со боди-камери.

Сето тоа, како што велат од Царината е со цел да се зголеми ефикасноста и откривачката дејност на царината и на тој начин да се спречува шверц и нелегална трговија кој негативно влијае врз македонската економија.

Можете да прочитате

Истепани двајца малолетници во Чаир: напаѓачите се обиделе да внесат еден од нив во „бмв“

„Мал Битолски Монмартр“ повторно во  Бигорски 

15-годишно девојче исчезна од установа за згрижување деца