Утрински Весник
Свет

Се појави документ со условите на Путин за прекин на војната

D0b7d0b8d0bcd0b0d182d0b0 D0bdd0b5 D0b5 D199d183d0b1d0b5d0b7d0bdd0b0 D0bad0bed0bd D0bfd183d182d0b8d0bd 63cba37a5a582.jpeg

Рускиот претседател Владимир Путин во последните неколку недели навести дека е отворен за мировни преговори со Украина, но со одредени услови. Документ од април 2022 година, изготвен од руски и украински преговарачи, покажува што имал на ум Путин во тоа време. Преговорите пропаднаа.

Западните функционери и аналитичари сметаат дека по две години борби, Кремљ се уште се држи до своите првични цели, односно дека сака да ја претвори Украина во „кастрирана“ држава која е немоќна пред руската воена моќ. Условите кои Русија сега ги бара најверојатно ќе бидат уште построги, пишува „Волстрит журнал“.

Иако беа објавени „грубите контури“ на неуспешните мировни преговори, целиот документ од 17 страници не беше објавен. „Волстрит журнал“ доби увид во тоа и наведува дека преговарачите од двете страни се обиделе да го прекинат конфликтот со претворање на Украина во „трајно неутрална држава која не учествува во воени сојузи“.

Според документот, Украина не треба да ја обновува својата војска со помош на Западот, а Крим де факто би бил под контрола на Русија. Киев инсистира на повлекување на руските трупи од територијата на Украина пред почетокот на какви било преговори. Володимир Зеленски верува дека секој прекин на огнот всушност ќе и овозможи на Русија повторно да се вооружи, да ги обнови своите сили и да изврши нови напади.

Меѓутоа, во 2022 година, ставовите на двете страни биле различни. Документот покажува дека руските и украинските преговарачи размислувале за различни отстапки во првите недели од војната. Во нацрт-договорот се наведува дека Украина, иако и е дозволено да се стреми кон членство во Европската унија, не треба да се приклучува на воени сојузи како што е НАТО.

На нејзина територија не треба да има странско оружје, а воените сили на земјата би биле сведени на минимум. За време на преговорите, Русија се обиде да ги ограничи сите одбранбени фактори на Киев, од бројот на војници и тенкови до максималниот дострел на украинските ракети.

Нацртот наведува забрана за странско оружје, вклучително и ракетно оружје од секаков вид. Москва сакаше да ги ограничи украинските вооружени сили на 85.000 војници и 342 тенкови. Украинските преговарачи бараа 250.000 војници, 800 тенкови и 1.900 артилериски парчиња. Русија, од друга страна, сакаше дострелот на украинските ракети да биде ограничен на 40 километри.

Полуостровот Крим кој е окупиран од Русија, според документот, би останал под влијание на Москва и нема да се смета за неутрален. Москва, исто така, се залагаше рускиот јазик да функционира на еднаква основа со украинскиот во владата и судовите, но Киев не ја потпиша таа клаузула. Во документот не се зборува за иднината на деловите од источна Украина кои Русија ги окупираше во 2014 година. Тоа било оставено за понатамошни преговори.

Нацрт-мировниот договор требаше да го гарантираат странските сили; во кој беа вклучени САД, Обединетото Кралство, Кина, Франција и Русија. Во случај на прекршување на договорот, тие земји имаа задача да ја бранат неутралноста на Украина. Од друга страна, од гарантите се бараше, додека договорот беше на сила, да ги раскинат меѓународните договори и договори некомпатибилни со постојаната неутралност на Украина.

Меѓународните безбедносни гаранции не важеа за Крим и Севастопол. Откако првичниот обид на Путин да ја преземе контролата врз Киев не успеа, документот го предложи рускиот план Б – крај на западната поддршка за Украина.

За време на преговорите во април 2022 година, имаше многу нерешени прашања, како што се случува во случај на напад на Украина. Русија сакаше сите земји гаранти да се договорат за одговор, што значи дека нема да има вистинска реакција доколку Русија е агресор. Украинските преговарачи сакаа воздушниот простор да биде затворен во случај на напад, но Русија не ја одобри таа клаузула. Преговорите пропаднаа во јуни 2022 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган понуди да биде домаќин на нови разговори претходно оваа недела, по неодамнешните коментари на Путин за прекинот на огнот. Сепак, аналитичарите сметаат дека нема големи шанси за обновување на ваквите разговори во блиска иднина.

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија