Утрински Весник
Свет

Се појави американскиот предлог до Путин за крај на војната

Tramp Putin.webp.webp

Полскиот портал Onet го објави наводниот предлог од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за рускиот лидер Владимир Путин, кој треба да ја запре војната во Украина.

Според Onet, овој предлог би ги исполнил речиси сите желби на Русија. Путин и Трамп треба да разговараат за овој наводен предлог на најавената средба следната недела.


Според овој полски портал, Америка ѝ понудила на Русија де факто признавање на окупираните територии на Украина, со услов „нивниот статус да се дискутира за 49 до 99 години“.

Дополнително, предлогот предвидува „прекин на огнот“ во Украина, а не траен мир меѓу двете земји.

Особено важен дел од овој предлог за Русија е постепеното укинување на санкциите воведени врз оваа земја од февруари 2022 година, кога отворено ја нападна Украина.

Дополнително, по одреден временски период, Америка би размислила и за купување руски природен гас и нафта.

Со овој предлог, Русија би добила и гаранција дека НАТО нема да се прошири кон нејзините граници.

Според овој предлог, Америка би продолжила да ѝ дава воена помош на Украина, но ова, според Onet, е „целосно прифатливо“ за Русија.

Сепак, вреди да се напомене дека ова се тврдења на Onet и дека сè уште не е потврдено дали таков предлог воопшто се разгледува. Повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови, особено по средбата меѓу Путин и Трамп.

Можете да прочитате

Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа, уверува Нетанјаху

Ценaтa на нафтата близу 67 долари

СЗО: Во Газа регистриран е рекорден број деца со акутна неухранетост