Утрински Весник
Македонија

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Viber image 2025 10 23 20 23 16 789 1536x1000 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ и Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВРЕДИ.

Вечерва, со средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана.


На средбата на која покрај Лабудовиќ присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ Изет Меџити со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, како и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев, Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за
градоначалник од Движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ.

Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати.

Станува збор за подобрување на основните услови за живеење и подигнување на едно ново ниво погоре во нивното секојдневние – работи кои веќе се предвидени во програмата на Мирослав Лабудовиќ.

Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВРЕДИ, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски. Партнерската соработка на централно ниво – која успешно функционира веќе година и половина, се пресликува и на локално – за доброто на граѓаните.

Можете да прочитате

По 20 години на политичката сцена Ахмети размислува за повлекување?

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути