Утрински Весник
Економија

Се намалуваат цените на горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 30.1.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 2.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98 86,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,346 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,648%, кај дизелот за 4,145%, кај екстра лесното масло за 4,165% и кај мазутот зголемување за 0,451%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,131%.

Можете да прочитате

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Вицегувернерката Митреска: Трендовите се поволни, но Народната банка и натаму е претпазлива во носењето на монетарните одлуки поради присутните ризици

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата