Утрински Весник
Скопје

Се монтира нов топловод под мостот „Беласица“

Pozar Pod Most Belasica Kaj Zeleznicka 4 Bg Resize.jpg

АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина денес ги почнаа активностите на терен за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот Беласица.

Поставувањето на топловодот ќе се спроведува во наредните месеци со цел, комплетно да биде подготвен за ставање во функција во текот на претстојната грејна сезона.

„Новите раководства на ЕСМ Дистрибуција на топлина и на АД ЕСМ се соочија со предизвикот, да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикаа застој во поставување на цевководот, кој се јави како последица на исклучителната неспособност или незаинтересираност на претходните менаџерски тимови на двете компании“, изјави Петар Милетиќ, новиот директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија кој присуствуваше и на почетокот на активностите на терен.

До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел од градот, како и во изминатата грејна сезона, ќе се врши преку функционалниот крак на примарниот топловод „А“, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ – ТО. Со тоа и понатаму целосно ќе бидат задоволени потребите на потрошувачите на топлинска енергија, дури и во случај на ниски надворешни температури.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: По децении чекање, почнува реконструкцијата на „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба

Герасимовски: Ново детско игралиште и вежбалница во Градски ѕид, создаваме катчиња за одмор и рекреација

Од 100 автобуси до нови мостови: Што исполни Ѓорѓиевски за една година од ветувањата за Скопје?