Утрински Весник
Свет

Се молиме да најдеме тело за да го предадеме на семејството, тие само сакаат достоинствен погреб, раскажа багерист во Турција

Се молиме да најдеме тело за да го предадеме на семејството, тие само сакаат достоинствен погреб, раскажа багерист во Турција

Во разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, загинаа повеќе од 46.000 луѓе, а многу семејства веќе губат надеж и само сакаат достоинствено да ги погребаат своите најблиски кои загинаа.

dobivaj vesti na viber

„Дали би се молеле да најдете безживотно тело? Ние да, за да го предадеме телото на семејството. Тие сакаат достоинствен погреб, гроб“, рече багеристот Акин Бозкурт во разурнатиот град Караманмараш од земјотресот.

Според исламската традиција, телото на починатиот треба да биде погребано што е можно поскоро, пренесува „Ројтерс“.

Фудбалски терен во Пазарчик беше престворен во гробишта, а на гробиштата на Кахраманмараш, неколку илјади нови гробници брзо го надминале бројот на старите гробни места што беа таму пред земјотресот – информација што ги илустрира размерите на катастрофата.

„Чекавме 10 дена за да ги добиеме телата на починатите кои останаа под урнатините“ изјави Хусеин Акис, која ја закопа внуката, покрај нејзиниот сопруг и двата сина.

Во Турција се уништени повеќе од 345.000 станови.

Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија.

 

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство