Утрински Весник
Македонија

„Се извинувам Кежаровски тука живее?“ – објавен трејлерот за документарниот филм за случајот „Ореше“ (видео)

Img 8525.jpeg

Објавен трејлерот од документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од авторот Миле Бошњаковски, кој се базира на случајот  на новинарот Томислав Кежаровски за настаните кои му претходат на неговото брутално приведување, судски процес и затворска казна.

Документарниот филм е хронолошко сведоштво на настаните кои се случуваат додека тој е на издржување на затворската казна вклучително и поддршката од неговите колеги, медиумските работници.

Филмот е сниман во 2023 и дел во 2024 година односно после 5 години од заокружување на голготата наречена „Случајот Ореше – новинарски натпис во кој се открива заштитен сведок на Кежаровски“.

Автор на филмот е Миле Бошњаковски.

Можете да прочитате

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците 

Тешка несреќа во Скопје лице прегазено од комбе

Тошковски: Целта на системот ,,Безбеден град” е да спаси човечки живот