Утрински Весник
Економија

Се изготвуваат мерките за цените на прехранбените производи, покренати и одредени постапки од инспекциските служби

Market 3.webp.webp

Во тек е креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Kако што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки.

-Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се почнати и покренати – истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Зрновци.


Тој потсети дека пред почетокот на учебната година се воведе т.н. училишна кошничка со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците. 

Можете да прочитате

Велика Британија ги призна криптовалутите како нов вид имот

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки

Мицкоски: Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила