Утрински Весник
Македонија

Се додека чекаме луѓе како Пајазити да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело, се огласи сестрата на Фросина Кулакова

Screenshot2025 04 08085325.jpg

Росица Кулакова, сестрата на прегазената Фросина Кулакова, се огласи на Фејсбук по пресудата за смртта на младата прегазена Теодора Ристевска. Младата девојка беше прегазена и усмртена во септември 2022 од страна на Менсур Пајазити, кој вчера доби 2 години затвор за делото.

– Кога најнеправедните седнуваат во највисоките столчиња на правдата, тогаш таа станува пародија. Каква правда можеме да очекуваме кога токму неправдата е темелот на кариерата на тие што треба да ја судат? Се додека чекаме вакви луѓе да судат правично, правдата ќе остане само збор, а не и дело. Правда за Теодора!, напиша Росица.


Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

И сестрата на Росица, Фросина, беше прегазена и усмртена на пешачки премин кај Силбо на Партизанска во Скопје.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Во Собранието Иницијатива за одржување надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати