Утрински Весник
Македонија

Се бара одземање на имунитет на пратеник од Левица по сообраќајка со загинат малолетник и повредено девојче

24 585x387 1.png

Родителите на 13-годишното девојче повредено во сообраќајката на 14 септември кај с. Марино, во која учествувал пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, побараа Собранието да ја отпочне постапката за одземање на неговиот имунитет. Велат дека без тоа нема да има фер постапка и дека, и покрај тоа што по несреќата бил уапсен и му била одземена возачката дозвола, обвинение сѐ уште не е поднесено.

Во истата несреќа тешко беше повреден и 16-годишен мотоциклист од Идризово, кој подоцна, на 9 октомври, почина од повредите.

Во поднесеното барање родителите тврдат дека постои ризик пратеникот да ја искористи функцијата за да избегне мерки на органите и додаваат дека не добиле извинување или човечка поддршка од него по трагичниот настан.

Можете да прочитате

По протестите на Ромите, Јаневска порача: Законските услови за возачка дозвола остануваат

Мицкоски: Фокусирани сме на реализација на Реформската агенда и воведување ред во државата 

Левица: Пратеничко прашање од Мојсоска до Алиу за недостиг за лекот за хемофилија