Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Започнува реализација на историска инвестиција, 110 километри автопат

Секоја втора фирма што учествува на тендерите вели дека има корупција

Владата предводена од СДСМ започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата, соопшти владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„ Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра.

Овој проект опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, Требениште – Струга – Ќафасан од 22 километри, како и автопатот Прилеп – Битола во должина од речиси 40 километри.

Изградбата на автопатските делници придонесува за регионално поврзување на нашата земја, која станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута, раскрсница на Балканот, со излез на три пристаништа.

Квалитетните патишта го олеснуваат животот, ги зближуваат граѓаните и поволно влијаат врз развојот на сообраќајот, трговијата, еконoмијата. СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, компаниите, целата економија“ наведуваат од партијата.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт