Документите што Венко Филипче ги презентираше на вчерашната прес-конференција фрлија ново светло врз скандалот со Клиниката за Онкологија и наводната негова одговорност за скандалот.
Јавноста конечно доби конкретни докази дека стручните комисии постоеле, шестмесечните извештаи биле подготвувани, а целиот напад на ВМРО-ДПМНЕ се темелел на неточни тврдења.
Ова, очигледно, внесе немир во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои веднаш почнаа со нови обиди за спин. Од партијата и од Рашела Мизрахи нема одговор зошто со месеци тврдеа дека вакви извештаи не постојат, ниту пак видoвме обид да се соочат со вистината. Напротив, сега играат на картата на релативизирање, сугерирајќи дека Филипче е тој што „се заплеткува“, иако всушност тие се тие што се заглавени во сопствените лаги.
СДСМ денес излезе со нов став: „ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од вистината. Наместо да ги признаат сопствените лаги, повторно гледаме обиди за спин и манипулација. Им пропадна кампањата против Филипче и сега немаат каде – фатени на дело во сопствените лаги.“ – реагираат од партијата.
Она што дополнително ја влошува ситуацијата за ВМРО-ДПМНЕ е фактот дека ова не е само политички судир – станува збор за сериозен случај што се истражува од страна на Обвинителството. СДСМ отворено бара истрагата да покаже кој ги криел овие документи и зошто: „СДСМ очекува дека Обвинителството ќе покрене истрага зошто овие документи досега се криеле. Очекуваме целосната истрага на Онкологија да покаже кој е точно виновен и сите инволвирани во скандалот да одговараат.“
Случајот со Онкологија сега има нова димензија, ако досега главниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ беше дека „немало контрола и извештаи“, денес е јасно дека такви документи постоеле, но биле криени. Кој и зошто ги држел во тајност? Кој се обидел да манипулира со јавноста? Ова се прашањата што сега треба да добијат одговор.