Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ застана против интересот на земјоделците со одбивањето на нашите амандмани

D0b7d0b0 D0bfd0b5d182 D0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8 D181d0b4d181d0bc D0b8d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b8 75 D0b4d0b5d182d181d0bad0b8 D0b3d180d0b0 63cd8cafe1830.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ застана против интересите на земјоделците со одбивањето на трите клучни амандмани предложени од СДСМ.

Со првиот амандман на СДСМ се обезбедуваше дополнителна поддршка од 200 милиони денари за производителите на пченица преку Интервентниот фонд. Овој амандман беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одбивањето на амандманот ВМРО-ДПМНЕ директно ги загрозува земјоделците кои се соочуваат со ниски откупни цени и ја доведува во прашање посветеноста на Владата кон стратешки важната култура пченицата.

Со вториот амандман на СДСМ се обезбедуваа дополнителни 2 милијарди денари за авансна исплата на субвенции за 2024 година. Но и овој амандам тој исто така беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа е многу значајна мерка за земјоделците, затоа што обезбедува авансна и навремена финансиска поддршка на земјоделците, но за жал целосно е игнорирана од ВМРО-ДПМНЕ со што покажаа рамнодушност кон потребите на земјоделците.

Третиот амандман на СДСМ се однесуваше на обезбедување на финансиски средства за непречена имплементација на ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмите. И овој амандман ВМРО-ДПМНЕ го одби.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ не само што ги загрозува тековните проекти, туку и ризикува да предизвика финансиски загуби за земјата поради потенцијални пенали од Европската комисија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека не е заинтересирана за поддршка на земјоделците, ниту за одговорно искористување на европските фондови. Нивните постапки ги загрозуваат економската стабилност на земјоделците и ја спречуваат модернизацијата и развојот на земјоделскиот сектор во земјата.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ