Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО -ДПМНЕ не прави ништо, СДСМ со конкретни мерки за борба против загадениот воздух во Скопје

СДСМ: ВМРО -ДПМНЕ не прави ништо, СДСМ со конкретни мерки за борба против загадениот воздух во Скопје

Загадувањето на воздухот во Скопје останува алармантна тема, која бара одговорност и преземање итни мерки од локалната власт во градот, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Измина цела една година а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, заедно со нивната коалиција со Левица и Данела Арсовска не преземаа ништо за загадениот воздух, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Хаосот во јавниот превоз дополнително влијае на зголемување на загаденоста. Згора на се, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.

Додека ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не прават ништо, СДСМ поднесува иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага конкретни мерки за борба против загадениот воздух во главниот град:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие мерки во интерес на скопјани и за најважното, здравјето на граѓаните“ порачаа од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт