Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги закочи реформите во правосудството и го партизираше 

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа реформите во судството а со тоа и правдата во Македонија. 


Мицкоски одби да ги донесе неопходните реформски закони и покажа дека нема никаква намера за независно судство туку само едно, заробено и послушно судство, под диктат на ВМРО-ДПМНЕ.

За 2025 година беа предвидени вкупно 12 закони, од нив, во Собранието не е поднесен ниту еден. 

Наместо реформи и независно судство, Мицкоски судството го претвори во партиска филијала, со судии кои се сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. 

Без вистински реформи во судството и независни институции нема правда.

Затоа Мицкокси треба да молчи и да не го обвинува СДСМ за реформи кои самиот не ги прави. 

СДСМ подаде рака, понуди помош за реофрмите, понуди заеднички групи, ВМРО-ДПМНЕ одби се. 

Тоа е јасен показател дека ниту имаат интерес ниту сакаат независно и ефикасно судство. 

За крај им порачуваме да прекинат да глумат опозциција, за секоја своја неспособност крив им е СДСМ.  Ова е веќе дегутантно и граѓаните се смеат на нивните оправдувања.

Можете да прочитате

ДУИ: Одлуката за еднојазични полициски униформи ја потврдува дискриминаторската политика кон Албанците

Јаневска: По изборите ќе продолжат контролите во високообразовните установи

Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, а тој ја игнорирал