Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

„Христијан Мицкоски упорно молчи за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје“ соопштуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата со став „дури и неговата градоначалничка Данела Арсовска јавно кажа дека Мицкоски знаел детали од тендерот кој не би смеел да ги знае, но Мицкоски се уште молчи“.

„Тендери, влијанија и бизнис интереси, тоа му е единствено важно на шпицниот градоначалник Мицкоски. Уште еднаш се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија која нема намера да работи за граѓаните туку само да ги краде нивните пари“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Маж со нож се шетал и заканувал по Широк Сокак во Битола – итно е уапсен

Касами: За Таравари нема место во Владата, но делот од Алијанса кој не се согласува со него може да остане

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена