Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избра судијката Алексовска Стојановска од тефтерчето на Јанкуловска

Sdsm 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Од партијата СДСМ реагираат на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за трагедијата во која загина младата Фросина Кулакова. Оттаму велат дека судијката што му одредила престој во казнено-поправен дом наместо притвор на Васил Јованов била избрана од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека СДСМ не е криво што Васов добил телефон во Шутка. СДСМ не го стави неговиот татко на висока воена позиција под заштита на оваа власт! СДСМ не ја избра судијката Алексовска Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ ја избра од тефтерчето на Гордана Јанкуловска. Денес, наместо да покажат минимум човечност и да застанат на страната на правдата, тие повторно лажат и манипулираат. Ги политизираат протестите, сакаат да го скршат отпорот на граѓаните, сакаат да ги замолчат луѓето што бараат правда, велат од СДСМ.


Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана