
Соопштение за јавност на СДСМ:
Бидејќи власта на ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, Николовски мораше денеска да држи прес-конференција за процес завршен само благодарение на СДСМ и на граѓаните.
Еве ги фактите од кои Николовски се обиде да побегне денеска:
1.Владата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 февруари 2015 година ја даде концесијата за рудникот „Казандол” на компанијата „Сардич”. Токму оваа одлука ја отвори вратата на масовно незадоволство и реакции на граѓаните.
2. СДСМ беше на страната на граѓаните за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2017 година, иницијативата „Спас за Валандово” ја крена јавноста на нозе, се распишаа и локални референдуми, а граѓаните речиси едногласно гласаа против отворање рудници.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници тогаш ги блокираа референдумите и се спротивставија на волјата на народот. Иницијативата да распише локален референдум во Валандово не беше поставена на дневен ред токму поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и ВМРО-ДПМНЕ.
3.По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран и јасно изразената волја на граѓаните преку локални референдуми, владата на СДСМ и Зоран Заев го раскина договорот за рудникот „Казандол” во март 2018 година.
4.Од тогаш, од 2018 година започна постапката со арбитража. Целиот процес е завршен од Владата на СДСМ само одлуката стигнува сега.
Тоа е вистината.
Николовски ако сака да зборува за „Казандол”, треба да им објасни на граѓаните: зошто неговата партија во 2015 година ја даде концесијата? Зошто се игнорираа протестите и барањата на локалното население?
СДСМ беше и останува на страната на граѓаните, затоа што токму тие се изборија против „Казандол”. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на владата на СДСМ, овој рудник не постои.