Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Власта со новите цени на парното продолжува уште посилно да го осиромашува народот

Sdsm 1.jpeg

По најавите за нови цени за паеното од страна на ЕСМ, опозициската СДСМ со жестоки критики до власта. Од таму велат дека ‘власта продолжува бездушно да удира по џебот на граѓаните’.

„Премиерот Христијан Мицкоски не презеде ништо и не ги заштити граѓаните од серијата поскапувања на цените на производите. Со дебаклот на „кошничките“ профитираа големите трговци кои испумпаа над 10 милиони евра од џебовите на граѓаните затоа што владата на Мицкоски тоа им го озоможи. Платите стагнираат, власта ги закова и не сака да ги покачи. Сега згора на тоа сега на барање на ЕСМ се покачува цената на парното. Поскапувањето на парното е потврда за неспособноста на власта која што не успеа навреме да обезбеди поефтин природен гас.Може ли до толку оваа власт да не мисли на сопствениот народ како преживува“, велат во СДСМ.


Тие посочуваат дека „додека владата лета во облаци и планира да купува авион, Мицкоски одбива да го прифати предлогот за поголема минимална плата за работниците“.

„Голем број од граѓаните не можат да обезбедат основни производи, се борат секој ден со големата скапотија, мака мачат да ги прехранат семејствата и затоа се спремни и да ги бојкотираат маркетите“, велат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици