Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Владата лаже, се согласила да не го распушта Судскиот совет и Советот на обвинители

Sdsm Zgrada 1.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет” во официјален документ, потврден од Владата на Мицкоски, се согласила да се менуваат “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот”.

Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот за проширување и медиумите веќе ги објавија овие делови со кои се согласила Владата на Мицкоски.

По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите?

А реформите во правосудството се можни само со спроведување на 40-те препораки од оценската мисија на ЕУ, со поддржка и мониторинг од меѓународната заедница.

Освен секојдневните скандали и афери, недоследноста стана одлика на Владата на Мицкоски. Едно се кажува во јавноста, друго далеку од очите на граѓаните, трето се прави, се менуваат ставови преку ноќ и се лаже на големо. Тоа е скандалозно само по себе.  

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!