Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Вистински хаос со ваучерите, никој не виде бенефит од оваа неспособна власт

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Се случи дебакл на една неспособна власт која не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии.

Прво им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија. Ги повикаа младите да аплицираат, им праќале потврди, дури им дозволиле и да подигнат уреди, за потоа да им стигне е мејл дека ваучерот не важи. Последните информации објавени во медиумите се дека постдипломци добиле ваучери, иако не им следуваат.

Прашање е дали се направени и намерни злоупотреби?

Срушени системи уште во првата минута, хаотично водена постапка, врати отворени па затворени, потврди испратени па поништени, добиени ваучери без исполнети критериуми, се ова со заеднички именител неспобна ДПМНЕ.

Власта создаде ситуација во која за младите е непознато што ќе се случи со студентите кои веќе земале уред со одобрениот ваучер. 

Кој сега ќе преземе одговорност за овој хаос и оваа измама?

Никој не виде бенефит од оваа власт. Не може младите во Македонија да бидат „колатерална штета” на неспособноста на ДПМНЕ. Младите заслужуваат држава која функционира, не држава која се распаѓа на една мерка со една интернет страница.

Можете да прочитате

Шестмина повредени во тешка сообраќајка во Стопански двор

Пациент почина, две медицински лица повредени по нагло сопирање на медицинско возило, за да избегне судир во центарот на Скопје

Сулејмани: ВЛЕН изразува длабока загриженост за турбуленциите во рамки на албанската опозиција