Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Ljutkov.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски”, е директен напад врз правата и достоинството на сите културни работници во државата.


Колективниот договор не е проблем, туку потреба за работниците и претставува законска обврска!  Договорот е резултат на борба на работниците, на дијалог но и праведна политика во време кога СДСМ беше на власт, во време кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа навремено, редовно и со почитување на сите права на вработените.

Денес, културните работници се без плата за месец март, не се почитуват договорените услови, нема покачени плати а при тоа никој не понесе одговорност од страна на Министерството за култура.

За Љутков и министрите во владата папаја, манго и аспарагус а за вработените во културата нема плата. Ова не е грешка, ова е последица на неспособност, расипничко трошење и целосно потфрлање на министерот Љутков и владата на ДПМНЕ.

Го прашуваме министерот Љутков: Дали овој напад врз колективниот договор е подготовка за ново кратење на правата на вработените во културата по партиски терк?

Љутков треба да излезе и да им се извини на сите културни работници, неговата неспособност не е никакво оправдување.

СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување!

Можете да прочитате

ДКСК и Обвинителството: Нема злоупотреби при организацијата на ОБСЕ во Скопје

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата