Утрински Весник
Економија

СДСМ: Успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја

СДСМ: Успешни енергетски политики, среде зима извезуваме струја

„Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата“ соопштуваат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија. Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство“ стои во партиското соопштение.

Оттаму посочуваат дека „намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“.

„ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните. Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци на струја. Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност