Соопштение за јавност:
ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, уште еднаш покажаа тотоална безидејност кога е во прашање поддршката на земјоделството и земјоделците.
Ноторна лага се информациите на Трипуновски дека оваа година е прва година кога се исплатиле субвенции за тековната програма за директните плаѓања.
Срамно е да се фалите со туѓи мерки, а уште посрамно е да лажете дека вие сте вовеле за прв пат ваква исплата.
Исто така не е точно дека се работи за исплата на заостанати субвенции, сите се од тековната прпграма за 2023 година и 2024 година.
Не ги потценувајте земјоделците, ти знаат кога за прв пат добиле исплата на субвенции од тековна програма во тековната година.
Трипуновски, ако не се сеќавате или ако не ве информирале службите, да ве потсетиме. Вчерашната исплата на субвенции е всушност продолжување на започнатиот процес од минатата година. Сакале или не да признаете, тоа е дел од добрите мерки и систем на исплата воспоствен од Владата на СДСМ. Ова не е нов модел како што го презентирате. Исплатата на субвенциите што се реализираше вчера, е направена и минатата година за прв пат и тоа е новиот модел за авансна исплата на субвенции што го воведе СДСМ.
Измената на програмата за авансна исплата на субвенциите и зголемувањето на буџетот за субвенции започна пред три години. Минатата година за прв пат земјоделците добија авансна исплата на субвенциите во тековната година, за прв пат од 2005 година од кога се воведени субвенциите.
Годишната програма за исплата на субвенциите за 2024 година ја донесе Владата на СДСМ во јануари годинава. Само во сточарството кај млечните крави ја зголемивме субвенцијата за оваа година од 4.000 денари на 12.000 по грло. Ова е вистинска грижа за земјоделците и долгорочна стратегија за развој на земјоделството.
Вие Трипуновски, манипулирате, не се потрудивте да понудите ниту нова мерка, ниту зголемени субвенции. Доста им е на земјоделците од лаги и манипулации, потребни им се мерки и политики за да бидат профитабилни и конкурентни.