
Соопштение на СДСМ:
Денес министерот за земјоделство се пофали со рекордни цени на грозјето за лозарите. Исто како што секогаш прави ВМРО-ДПМНЕ, заборави да каже дека таа цена е директен резултат на законот што го донесе Владата на СДСМ.
Реалноста е дека новиот Закон за вино, донесен од Владата предводена од СДСМ и изгласан во Собранието на 2 април 2024 година, ги заштити лозарите и овозможи фер и достоинствени цени за најзастапените сорти грозје, Вранец и Смедеревка.
Законот што го подготви СДСМ ги усогласи правилата и со европските регулативи и ги вгради барањата на лозарите, кои со години беа уценувани од винариите со ниски цени објавувани во последен момент пред берба.
Новината што ја донесе СДСМ во Законот за вино е следната:
– Производствената цена се утврдува врз основа на реалните трошоци за производство, пресметани од научна институција.
– На таа цена се додава 25% заработка за лозарите.
– Во месец јули се објавуваат откупните цени за Вранец и Смедеревка, врз основа на направените трошоци и додадената заработка.
Ова им овозможи на лозарите предвреме да знаат на што да сметаат и ги ослободи од уцените и неизвесноста што ВМРО-ДПМНЕ ги практикуваше додека беше на власт.
Денес, кога Трипуновски се слика со лозарите и се фали со цените, се прашуваме како нема срам и не признава дека тие се резултат на јасно утврдена методологија со закон а неговиот придонес за цените е еднаков на нула.
Чесен човек би имал доблест да признае дека тоа не е негов успех, туку резултат на нашата работа и визија за заштита на македонското лозарство.
Лозарите знаат кому му должат благодарност за фер цените кои ги добиваат.