Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg

Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Изминуваат 37 дена од трагедијата во Кочани, а наместо вистинска правда и одговорност сведоци сме на селективна истрага и молк за одговорноста на актуелните функционери од ДПМНЕ и началниците кои ги има поставено Тошковски.


Како е можно истрагата целосно да ги игнорира службениците, началниците, раководителите на различни позиции во СВР Штип и ОВР Кочани кои на 16 март 2025 година – на денот на пожарот – имале директна одговорност да спречат трагедија, но тоа не го направиле?

Седум командири, началници и заменик-командири на полицијата имале јасни законски надлежности, за безбедноста на просторот, за присуството на малолетници, за употреба на пиротехничките средства.

Полицијата присуствувала во објектот, видела малолетници, видела пиротехника, видела поголем број присутни а не презела ништо.

Ако тие постапеле, трагедијата ќе можела да биде спречена. Животи ќе беа спасени.

Се поставуваат прашањата:

-Зошто началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, не е дел од истрагата, иако лично била надлежна за безбедноста во Кочани?

-Зошто не е опфатен началникот на крим-полицијата во Кочани, Томо Донев?

-Зошто Сашо Тасев, началникот на СВР Штип, како и раководителите на крим полицијата во Штип не се опфатени со истргата?

Дали ова не е намерна заштита на кадрите што ги именувал Тошковски?

Истрагата не смее да биде политичка операција на прикривање и спасување кадри на ДПМНЕ и затоа Тошковски треба да поднесе оставка а истрагата да се прошири со актуелни функционери кои на денот на трагедијата биле на позиции.

Болката на семејствата не смее да се дозволи да биде поголема со селективна правда, тоа е неправда.

СДСМ ќе продолжи да се бори за целосна и правична истрага – без заштита на актуелни функционери. Мора да им одговорност, мора да има правда за Кочани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Можете да прочитате

За викендот стабилно и посвежо, а потоа затоплување и температури до 38 степени

СДСМ: Дали парите за рекет од Пулс завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња