Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тосевски меѓу Македонците во Албанија по повод јубилејот-30 години од првиот весник на македонски јазик

СДСМ: Тосевски меѓу Македонците во Албанија по повод јубилејот-30 години од првиот весник на македонски јазик

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и европски прашања на СДСМ Филип Тосевски на средби со Македонците во соседна Албанија, во населените места Глобочани и Долна Горица во општина Пустец. Повод беше одбележувањето на 30 години од основањето на првиот печатен весник на македонски јазик во Албанија “Преспа”, основан од Спасе Мазенковски.

dobivaj vesti na viber

Во изминатите 30 години овој весник опфаќаше теми од сите области на животот на Македонците во Албанија, информираше и бараше јавна поддршка за надминување на голем број прашања од интерес на Македонците, и со својата улога има големо значење за заштитата на македонската култура, традиција и идентитет на Македонците во соседна Република Албанија.

Во обраќање на свечената академија по овој 30 годишниот јубилеј Тосевски упати честитки за главниот и одговорен уредник Ефтим Митревски, до целата редакција на весникот “Преспа“ за досегашната работа и им посака многу успех, во иднина, заеднички да слават уште многу јубилеи.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за надворешни работи остануваат посветени на продлабочување на соработката и поддршка на Македонците во Албанија, порача тој.

Тосески оствари средба и со Васил Стерјовски единствениот Македонец- член на албанскиот парламент и претседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ). Се разговараше за темите кои ги тангираат Македонците во Албанија, за односите меѓу двете земји и заедничките интереси. Тосевски сретна и со градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, како и со локални жители со кои разговараше за состојбите и нивните секојднени потреби.

Тосевски истакна дека грижата за нашите сограѓани во дијаспората и секако во соседните земји е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет. Порача дека Владата предводена од СДСМ останува посветена на градење на добрососедски односи и соработка.

Заеднички двете пријателски држави треба да инвестираат во создавање услови за да ја обезбедиме ЕУ перспективата и иднината на македонските граѓани во двете земји, со цел младите од двете страни на македонско-албанската граница да не заминуваат од своите родни краишта.

Тосевски ја посети и музеј куќата посветена на писателот Стерјо Спассе во селото Глобочени, проект финансиран на ЕУ во рамки на програмата за прекугранична соработка Северна Македонија –Албанија.

Владата предводена од СДСМ ќе направи се за да се унапредат односите и соработката и да се пружи поддршка за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат Македонците во Албанија.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности