Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Таравари ѝ подари милионски бизнис „Ѓока“: Државата добива само 1% од приходите!

Klinicki.webp.webp

Скандалот околу доделувањето на паркингот на Клиничкиот центар во Скопје добива нови димензии, откако јавноста дозна дека Министерството за здравство, предводено од Арбен Таравари, го предало управувањето на контроверзната албанска компанија „Ѓока Контракшн“.

Оваа фирма, која во Албанија е поврзувана со низа сомнителни зделки, била единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство. Ваквиот факт отвора прашања дали јавниот повик бил само формалност, додека договорот бил однапред договорен.


Најскандалозниот дел од оваа одлука е економската логика – или поточно, нејзиното отсуство. Според договорот, приватната компанија ќе го стопанисува паркингот цели 20 години, а државата за возврат ќе добива само 1% од приходите, додека преостанатите 99% ќе завршуваат во касата на приватната фирма.

Зошто Таравари дозволил профитабилен бизнис да биде предаден на странска компанија, наместо државата да го задржи под своја контрола? Министерството за здравство можело да изгради монтажни гаражи и да го задржи управувањето, со што сите приходи би останале во буџетот.

Овој договор не само што ја оштетува државата, туку отвора и сериозни сомнежи за корупција. СДСМ го обвинува министерот Таравари за личен интерес во оваа зделка и бара институциите веднаш да ја испитаат нејзината законитост. Опозицијата повикува Владата веднаш да го објави целиот договор и сите релевантни документи за да се види вистината.
Додека Министерството за здравство се занимава со бизнис-зделки, јавноста е сведок на колапсот на здравствениот систем. Нема лекови, пациентите умираат поради лошите услови во болниците, а институциите како да се занимаваат со сè, освен со подобрување на здравството. Овој скандал е само уште еден во низата примери како парите на граѓаните се одлеваат во приватни раце, додека јавниот интерес е запоставен.

Прашањето што останува неодговорено е: Зошто Таравари одлучил да го подари паркингот на приватна фирма под услови кои се толку штетни за државата?

Можете да прочитате

(Видео) Започнува 20. епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина

ОГРОМНИ ТЕМПЕРАТУРНИ РАЗЛИКИ: Повеќе од 20 степени разлика помеѓу утринските и дневните температури!

Поради тешка сообраќајка, целосно затворен патот Ресен – Битола