Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Срамно и дрско – народoт едвај преживува а власта ги покачува само платите на функционерите

Bkuzeska sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите.


Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%.

Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година.

Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Економските политики на Мицкоски се тотален дебакл.

И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, власта ги покачува платите на функционерите.

Одлуката веќе е објавена во Службен весник на Република Македонија.

Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра!

Ова е срамно, дрско и безобразно.

Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања.

И додека народот штеди на храна, лекови и сметки, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ си тераат луксуз – со службени возила, со чартер летови, папаја, манго, а сега и со повисоки плати.

Оваа влада нема ниту план, ниту елементарна емпатија. Има само интерес за себе и за своите функционери.

СДСМ веќе предупредуваше :економијата оди надолу, инфлацијата не е под контрола и ќе продолжи да расте доколку не се спроведат мерки и закони кои ги предложивме.

Затоа денес, јавно и одговорно, бараме итна интервенција од Владата:

Конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните,

Да нема покачување на платите на функционерите,

Граѓаните заслужуваат фер држава која ги штити, а не држава на привилегирани функционери.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата